×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (24.8.2020)

    24.08.2020 07:31 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (24.8.2020)

    Овен

     Насочете се кон она што ви е приоритет, затоа што денес ќе бидете пренатрупани со обврски.

    Вашиот љубовен живот полека се враќа во нормала.

    Бик

    Оставете ги на страна недоразбирањата со луѓето околу вас, затоа што во наредниот период ќе ви бидат потребни.

    Ако се чувствувате уморни, земете си одмор во попладневните часови, затоа што ве чека напорна недела.

    Близнаци

    Денес на работата како да ви се отвора ново поле, затоа ќе бидете максимално скнцентрирани и нема да сакате да ви избега ниту една информација.

    Иако знаете што сакате, последните месеци љубовното прашање ви станува покомплицирано.

    Рак

    Оставете ги на страна озборувањата, затоа што тие нема да ви донесат ништо ново и добро. Сконцентирајте се на она што ви е важно, па макар и да морате денес тоа да го правите сами.

    Не бидете постојано нерасположени, никој покрај себе не сака некој кој постојано е намуртен и е жртва. 

    Лав

    Вашето незадоволство на работата се гледа од далеку. Здосадено ви е и од работните обврски, но и од околината, па сакате промена.

    Иако сте свесни дека и вие и вашата сакана личноста давате многу во врската, сепак размислувате дали нешто недостига од вашата страна. 

    Девица

    Вашите приоритети денес нека ви бидат луѓето коишто се секогаш тука за вас, затоа што во последно време ним им посветувате најмалку внимание.Оставете ги на страна недоразбирањата со партнерот, за да можете да отворите ново поглавје.

     Вага

    Иако постројано добивате најразлични коментари на работата, денес вашето трпение ќе биде значително намалено. Нема да имате толеранција за никој.

    Љубовта е цвеќе кое ако не го негувате постојано ќе се исуши. 

    Шкорпија

    Оставете ги на страна фрустрациите коишто ги собирате беспотребно и насочете се кон она што навистина ви е важно. Вие можете да влијаете на вашиот живот, меѓутоа не и на целата околина.

    Кога станува збор за љубовта, правете го она за кое мислите дека има смисла да се прави, доколку чувствувате и најмал сомнеж тогаш не преземајте иницијатива.

    Стрелец

    Вие сте човек кој секогаш сака да му излезе во пресрет на другиот, па затоа и создавате трајни врски кои траат со години.

    Што се однесува до љубовта, доколку сакате промена од кој било аспект, тогаш преземете иницијатива.

    Јарец

    Вашиот љубовен живот денес ќе ви влијае на обврските,  па ќе се чувствувате изнемоштено и без мотивација.

    Нема да сакате да разговарате со партнерот, затоа што ви е смачено истите работи да ги повторувате постојано.

    Водолија

    Оставете ги беспотребните работи на страна и денес насочете се кон она што ви е приоритет. Не потпирајте се на другите, затоа што на крајот од денот резултатот ќе се чекува од вас.

    Кога станува збор за љубовта, понекогаш знаете да направите од мравка слон.

    Риби

    Вашите секојдневни обврски честопати влијаат на вашиот приватен живот, па така ќе биде и денес. Луѓето кои навистина се покрај вас ќе ги заборавите затоа што ќе бидете сконцентрирани да завршите на време.

    Очекувајте поинаков пристап од саканата личност, затоа што и вие поради обврските се однесувате поинаку.