×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (25.12.2019)

    25.12.2019 07:56 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (25.12.2019)

    Овен

    Денес е денот кога особено ќе сакате да бидете активни и тоа ќе ви донесе полесно поминување на работните обврски. На љубовен план, доколку сте сами денес ќе уживате во еротиката и нема да поскувате ништо сериозно.

    Бик

    Вие сте човек кој работи кога треба, но и кој сака да ужива доколу веќе се ближат празниците. Затоа овие денови ќе сакате да уживате и да си ја изладите главата од работните обврски. На љубовен план, станувате свесни дека партнерот е вашето најголемо богатство, па затоа се' повеќе ќе бидете насочени кон чување на она што го имате.

    Близнаци

    Запомнете дека викендот веќе одамна е поминат и вие мора да се ангажирате ако сакате да ви помине мирно работната недела. На љубовен план, денес ќе се сретнете со човек кој веќе одамна посакува да бидете дел од неговата сегашност.

    Рак

    Денес жените во овој хороскопски знак ќе имаат поубави можности за работа, отколку мажите. На љубовен план, во врската обидете се да внесете новини затоа што истата ви станува монотона.

    Лав

    Внесете промена во вашиот професионален живот, ако веќе не можете да ја смените околината во којашто се наоѓате. На љубовен план, не избегнувајте ги денес излегувањата затоа што токму тие ви нудат разбранување на емоциите.

    Девица

    Не правете го она што другите го очекуваат од вас, туку она што сте вие. Не можете да си го покажете своето лице доколку следите туѓ шаблон. На љубовен план, направете нешто невообичаено и покажете и' на вашата сакана личност дека и вие знаете да бидете "налудничави" кога станува збор за работата.

    Вага

    Не верувајте му секогаш на првиот впечаток затоа што може да ве излаже. Затоа пред да донесете одлука прво размислете. На љубовен план, не заборавајте на ветувањата кои ги имате дадено на саканата личност.

    Шкорпија

    Запомнете дека вие не сте единствените кога станува збор за работата и дека затоа мора да соработувате со останатите, без разлика дали тие ви се допаѓаат или не. На љубовен план, вреднувајте си го она што го имате, затоа што во денешно време се' почна да се става на продажба.

    Стрелец

    Овој ден ќе биде добар ден за заработка, затоа не плашете се доколку треба да преземете некој ризик. Во секој случај, работите ќе почнат да стивнуваат пред новогодишните празници, што на вас особено ќе ви дојде добро. На љубовен план, денес нема да има значајни промени.

    Јарец

    Иако можеби звучи неубаво, но луѓето околу вас кои се' повеќе заостануваат во напредувањето на професионалното поле, ве влечат надолу со нив. На љубовен план, обидете се да ги избегнувате љубовните расправии пред самите празници.

    Водолија

    Овој ден ќе бидете особено активни но истото ќе ви одговара, затоа што порано ќе ја завршите работната обврска и ќе си заминете дома. На љубовен план, одморете се со вашата сакана личност, тоа ви е потребно и на двајцата.

    Риби

    Денес во интерес ви е да имате конкретен резултат кога станува за работата, затоа држете се до тимот кој победува. На љубовен план, денес се можни љубовни недоразбирања, но вие ќе бидете во состојба да се справите со истите.