Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Поентата во животот не е секогаш да бидете успешни, туку да бидете среќни. Обидете се во овие предновогодишно денови да ставите на вага што вас навистина ви значи во животот, а што е само лажна маска која не сакате да ја имате во наредната година.
Бик
Деновиве ве следи убаво расположение, затоа искористете го денот, покрај работата и да им се заблагодарите на некои личности за тоа што биле со вас во текот на годината. Животот без присуството на другиот е пустина во која вечно сте жедни.
Близнаци
Денес вашиот фокус нема да биде насочен кон она што треба да сработите, туку кон она што не сте го сработиле во текот на годината. Вие сте личност која се' сака да и' е совршено. Затоа обидете се истото да не го рефлектираат е и во љубовта, затоа што таа е убава токму во својата несовршеност.
Рак
На работата денес ќе поминете полесно,односно работната атмосфера ќе се "олабавува" како стигнуваат празниците. На љубовен план, вашиот сакан денес особено ќе сака да поминува време со вас.
Лав
Оставете го за миг професионалното на страна и обидете се да се сконцентрирате на вашиот приватен живот. Времето минува без да забележите а вие стоите во место. Прегрнете си ги саканите личности, затоа што само тие се тука кога ништо не ви оди од раце.
Девица
Вие веќе целосно сте сигурни што сакате да постигнете во наредната година, па затоа овие денови ќе сакате да ги искористите за одмор. На љубовен план, понекогаш за нешто убаво да ви се случи мора и вие да бидете иницијатори.
Вага
Професијата за вас денес ќе биде оптеретување, затоа што ќе сакате да се насочите кон самите себе. Во текот на овој ден уште повеќе ќе станете свесни дека суштината на се' е во љубовта и затоа ќе сакате да ги преземете работите во ваши раце и да направите нешто повеќе за вашите сакани.
Шкорпија
Во текот на овој ден вашата свест ќе биде насочена кон тоа како да излезете од некои ситуации во кои не сакате да се наоѓате, а притоа да не ги навредите останатите. На љубовен план, не заборавајте на ветувањата кои му ги имате ветено на вашиот сакан, секој пред празниците сака да се почувствува сакан.
Стрелец
Денеска целосно ќе бидете насочени кон плановите за новата година. Вашите амбиции никогаш не ја преминуваат вашата желба за мирен и спокоен живот, па затоа овие денови ќе имате особена потреба на сите кои ви значат истото да им го кажете. Не плашете се, само љубовта може да го спаси светот.
Јарец
Вашите професионални состаноци кои ги имавте во текот на оваа недела целосно ви го помати на денот. Затоа денес ќе се насочите кон извршување на домашните обврски кои ви заостаната, а меѓу нив секако ќе најдете време и з саканите, затоа што и вас ве допира празничната магија.
Водолија
Суштината не е само да се работи и работи. Суштината е да се има баланс помеѓу работата и приватниот живот, не заборавајте го тоа. На крајот на краиштата најмногу се паметат само луѓето кои длабоку се сакаат.
Риби
Деновите вови вашата сконцентрираност ќе биде насочена кон завршување на сите работни обврски за да можете мирно да ги празнувате празниците кои следат. Кога станува збор за љубовта, доколку нешто навистина не оди обидете се да го разрешите тоа, но пред да истапите со став најпрво размислете дали и вие имате придонесе и за тие недоразбирања.