×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (27.09.2019)

    27.09.2019 06:28 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (27.09.2019)

    Овен

    Денес, ќе сте особено заинтересирани како да ја подобрите вашата комуникација, кога станува збор за работата. Постојано ќе се преиспитувате во себе и ќе преповторувате што да кажете. Очигледно е дека вашиот труд ќе ви се исплати.  Но, барем малку да оставете за комуникацијата со вашиот партнер? Бидејќи целата енергија ќе ја насочите кон професијата, не очекувајте во љубовта да ви цветаат рози.

    Бик

    Поголемиот дел од денот ќе бидете преокупирани со материјалните работи и ќе очекувате веќе еднаш да заработите подобро. Иако ќе имате заработка, сепак денес ќе сакате и нешто да потрошите. Исто така и вашиот партнер ќе биде насочен кон работата, но вие нема да го оставите зашто ќе чувствувате огромна потреба да го видите.

    Близнаци

    Можна е негативна енергија овој ден, но од вас. Во врската ќе се чувствувате напнато и сетоа тоа ќе донесе до променливо однесување кое ќе ви донесе промени и на работата, секако дека нема да бидат позитивни. Очигледно е дека кога вас ви влијае љубовта, дека тоа ви се одразува баш на се' во животот.

    Рак

    Овој ден ќе се обидете да воспоставите баланс помеѓу вашата работа и вашиот приватен живот, но попусто. Се' ќе ви се префрла од едно на друго. Па дури и ќе очекувате некој надреден на вашата работа, да ви забележи поради истото. Како и да е, денес кога ќе се наоѓате до личноста која ви се допаѓа, очекувајте дека е невозможно тоа да не ви биде препознаено на лицето.

    Лав

    По подолго време денес ќе ви стаса она што го чекавте. Но вие пак ќе покажете незадоволство бидејќи ќе очекувате повеќе, односно ќе сметате дека не сте добиле онолку колку што заслужувате. Вашата напната енергија ќе ја пренесете на вашиот партнер, а сето тоа ќе му натежне и нему. Внимавајте да не повредите некој кој не заслужува.

    Девица

     Во суштина денес ќе бидете задоволни од она што го постигнавме, иако другите се секогаш тука да ви наоѓаат мани. Сепак, не заборавајте дека никогаш нема да можете да ги задоволите сите. На љубовниот план ќе се обидете да ги сокриете вашите чувства но тоа нема да биде можно. Без разлика дали имате партнер или не, денес кога станува збор за чувствата ќе бидете разоткриени. Па што?

    Вага

    Денес, ќе очекувате работите да се одвиваат онака како вие ги имате замислено. Па дури и ќе очекувате некој кој ви должи услуга, истото да ви го врати, иако личноста воопшто и нема да размислува за тоа. Што се однесува до љубовта, денес ќе сте особено сомничави, па дури и љубоморни. Пред да правите сцени, размислете за тоа дали имате реални причини.

    Шкорпија

    Денес, ќе гледате да ја завршите работата што е можно поскоро и да не губите многу време со непотребни работи. Секако дека работата е важен дел од вашиот живот, но понекогаш секојдневното одење на работа истоштува и затоа денес сакате да се посветите на себе и на саканата личност. Доколку имате можност, земете слободен ден и заминете некаде со партнерот, понекогаш одењето надвор од гужвата може да значи како ново заљубување.

    Стрелец

    Денес, комуникацијата на некој чуден начин ќе ви виде отежната. Но, работен ден е и затоа ќе дадете се' од себе да функционирате како што треба. Но, разведете се, ова е последниот работен ден од неделата. Вашиот партнер, можно е да ви забележува за нешто. Затоа размислете ги работите и од двете страни, тоа ви оди добро од рака. Можеби така ќе ги поправите односите.

    Јарец

    На работата воспоставувате добар баланс. А сетоа тоа може да резултира и со подобрување на вашата финансиска состојба. Вредно работите и тоа е добро. Но од друга страна, успевате и да му се посветите на вашиот партнер, затоа што се' повеќе сфаќате колку многу е важен тој/та за вас.

    Водолија

    Можност за подобра комуникација и координација на работата постои. Доколку се потрудите ќе успеете да ја завршите започнатата работа. Употребете ја и духовитост, не бидете премногу сериозни, затоа што тоа ви создава само поголема тензија. На љубовното поле, денес нема да бидете особено радосни, зашто во поголем дел и ќе се чувствувате како заборавени.

    Риби

    Денес, ви е особено важно да ја подобрите комуникацијата со некој од вашите колеги и доколку се потрудите ќе успеете во тоа. Вие сепак сте личност која не може да биде зла, затоа сосема е во ред што постапувате така. Што се однесува до љубовта, денес некој ќе се обиде да воспостави контакт со вас, но сето тоа ќе сака да биде само забава.