Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Секојдневните обврски денес може да ви одземат од енергијата, но сепак на крајот од денот ќе се чувствувате мирни. На љубовен план, не заборавајте на потребите на саканата личност.
Бик
Денес луѓето околу вас ќе бидат задоволни од вашето однесување кон нив, па истото ќе ви помогне и да го поминете поведро и полесно тмурниот ден. Партнерот не го оставајте на страна доколку правите некои планови.
Близнаци
Иако вашето тело денес ќе биде уморно, сепак мозокот ќе ви работи сосема нормално. Искористете го денот да му кажете на саканиот колку многу ви значи, затоа што во последно време тоа многу ретко го правите.
Рак
Пред да направите нешто денес, размислете дали истото некому ќе му наштети. Не избрзувајте. Обидете се да најдете некој друг начин за искажување на чувствата, за да не бидете патетични.
Лав
Денес можеби ќе ви недостига волја за да ја завршите работата, но нема да ви недостига енергија. Во текот на целиот ден ќе се чувствувате особено енергични. Сакајте ги луѓето околу себе, кои секогаш се тука за вас, но особено-почитувајте ги.
Девица
На професионалното поле, денес ќе се чувствувате исполнето и нема да имате некоја посебна пречка. Она кон кое треба да се насочите се работините обврски, а не гледањето кој што работи. На љубовното поле, денес не ве очекува некоја особена промена, освен тоа што ќе бидете особено чувствителни.
Вага
Вашата потреба за вагање денес ќе биде особено изразена, по подолго време. Односно, за се' што ќе ви се случи во текот на денот ќе сакате да ја најдете правдата. Обидете се само истото да не ве направи повеќе нервозни. Не вметнувајте ја љубовта во некои ваши "матни мисли", обидете се да ја задржите чиста, таква каква што и треба да биде.
Шкорпија
На професионалното поле, денес ќе ви започне многу лесно денот, а и така ќе заврши. Она што вие треба да го направите е само да останете позитивни. Вашата сакана личност денес ќе биде преокупирана со некои други работи, па нема да има многу време за да оддели за вас.
Стрелец
Иако вашите секојдневни грижи понекогаш ви изгледаат невозможни, сепак денес на некој начин ќе чувствувате олеснување, затоа што се учите да живеете со нив. Пред да преземете некој чекор кога станува збор за љубовта, размислете дали постојано вие сте иницијатор за се' во врската. Ако не сте, тогаш само напред.
Јарец
Во последно време постојано сте во потрага по посветли денови, па денес денот ќе ви биде токму таков. Останете во опкружувањето кое ви носи насмевка на лицето. Не размислувајте секогаш за иднината, сконцентрирајте се на сегашноста и уживајте во неа, новите денови носат различни работи.
Водолија
Понекогаш заборавате дека треба да посветите внимание и на самите себе. Денес, освен на работата посветете дел од денот и за вас, дали ќе е тоа кафе со пријателки, читање книга, јадење на некој десерт или пак спиење. Доколку на љубовното поле немате никаков проблем, тогаш не создавајте си го сами.
Риби
Овој ден вие ќе бидете насочени кон семејните обврски. Односно ќе имате чувство дека во последно време ги занемарувате, па ќе сакате да се искупите за истото. Кога ги исполнувате желбите на партнерот, не заборавајте дека и вие имате желби, не дозволувајте никој да ве става во десети план.