×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (27.12.2019)

    27.12.2019 10:07 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (27.12.2019)

    Овен

    Денес ќе бидете одговорни кога станува збор за обврските.  Сосема ќе бидете свесни за сите обврски кои ве чекаат. На љубовен план ќе бидете расположени да ги исполнувате желбите на вашиот сакан.

    Бик

    Овој ден нема да чувствувате потешкотии при извршување на обврските. Исто така, во текот на вечерта ви претстојат убави вечерни моменти со партнерот, проследени со мир и спокојство.

    Близнаци

    Одлично расположение во текот на целиот ден. Дури ќе бидете и мотивирани да им помогнете и на другите. На љубовен план, денес исто така ќе се трудите околу вашиот сакан, па дури е можно и да посакате да го изненадите уште пред празниците.

    Рак

    Некои околности на работата вопшто нема да ви одат во прилог, но вие вешто ќе успевате да се тргнувате на страна секогаш кога ќе имате можност. Денес ќе чувствувате љубомора кога станува збор за вашиот партнер, сепак обидете се да не правите непотребни драматични сцени.

    Лав

    Прво проценете ги луѓето со кои доаѓате во контакт или треба да почнете да соработувате, па дури потоа остварите соработка. На љубовен план доколку чувствувате непријатност,  она што треба да го направите е да поразговарате со партнерот. Не верувајте им на зборовите на другите целосно и слепо.

    Девица

    Денес ќе бидете загрижени  да не ви се растурат плановите кои ги имате направено овие денови, уште пред почетокот на празниците кои следуваат. На љубовен план ве очекуваат флерт со некоја личност која подолго време ја познавате, а сте немале никаков поблизок контакт.

    Вага

    Во текот на овој ден ќе се чувствувате особено неодлучно. Меѓутоа, денес дури и вашиот партнер ќе ви изгледа расеан, доколку сте во можност понудете му помош околу обврските. Седнете и поразговарајте, доколку и двајцата сте под притисок, караницата не е решение.

    Шкорпија

    Денес нема да бидете љубезни кон вашите колеги, па дури и ќе ви се налутат. Затоа обидете се да бидете поблаги со зборивите. На емотивен план денес ве очекуваат убави моменти исполнети со мир и спокојство.

    Стрелец

    Иако во последно време премногу сте ангажирани на работата, сепак обидете се да не правите грешки кои ќе ве вратат не на почетокот туку уште поназад. На љубовно поле, доколку се чувствува тензија помеѓу вас и вашиот сакан не треба да ги чекате празниците за да се опуштите. Одделете време и излезете на прошетка.

    Јарец

    Денес ќе знаете што треба а што не треба да правите, доколку се најдете во некоја несакана ситуација. На љубовно поле, денес ќе си кажете се' што ви лежи на душата, затоа што ви е преку глава од премолчување и правење сценарија во главата.

    Водолија

    Денес за се' што ќе направите ќе имате помош и од колегите и од саканите. Воедно, на човек му е доволна само една убава реченица за да му го разубави денот, не штедете ги убавите зборови доколку некој ги заслужува.

    Риби

    Обидете се пред празниците да не размислувате за условите на работата, тие никогаш нема да бидат идеални.ќ. Кога станува збор за љубовта, денес ќе чувствувате блага несигурност кога станува збор за чувствата на вашиот партнер. Не загрижувајте се, можеби му е потребно време за самиот себе, но тоа не значи дека треба да го оставите цел ден. Доколку работите не се сменат, во текот на вечерта поразговарајте со него.