Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Колку што претходните денови ви беше напнато, толку денес ќе бидете порелаксирани и ќе и' дозволите на позитивната енергија да струи низ вашето тело. Денес нема да имате проблем со закажување на каков било состанок, а комуникацијата со вашиот партнер ќе ви е сосема во ред. Одморете се денес.
Бик
Денеска ќе бидете сосема во ред со вашето расположение, нема да имате некои особени променливи состојби. Работата ќе ја завршите со леснотија, а исто ќе биде и кога станува збор за се' друго. Лесно и мирно. Во текот на вечерта, можно е непланирано излегување со вашите пријателки, кое ептен пријатно ќе ви влијае.
Близнаци
Денес без разлика дали ќе имате премногу работа или не, сепак ќе се чувствувате сосема релаксирано. Вашиот мозок е некаде на одмор, па и време е. Поради истата причина, пријатно ќе биде изненаден и вашиот партнер, затоа што истото ви се нема случено подолго време, во последно време постојано го оптеретувавте со вашата работа.
Рак
Некои работи нема да се сменат колку и вие да се обидувате, прифатете ги работите такви какви што се. Ако застанете за миг и подобро размислите ќе видите и дека немате особена причина за загриженост. И на работата и во љубовта ќе ви се понудат повеќе опции за "уживање", искористете го тоа.
Лав
Денес сите работи кои ќе си ги зададете како задача ќе успеете да ги реализирате, секоја пречка која ви стои на патот ќе успеете да ја тргнете и да продолжите понатаму. Инаку овој ден ве очекуваат излегувања и дружења, без разлика дали сте или не сте во врска, денес ќе запознаете личност која ќе ви го размрда фокусот.
Девица
Расположението кое во претходната недела некако несвесно го привлекува те и оваа недела, време е кон крајот на неделава да го решите. Односно спуштете ја топката и поразговарајте со личноста која ви создава главоболки. Како и да не можете да очекувате дека оддеднаш се' ќе решите. Но барем ќе се чувствувате подобро.
Вага
Денес вашата духовитост и шармантниот ќе бидат на особено високо ниво, односно иако можеби во претходните деновите сте направиле некоја грешка, денес можете вашата убава енергија да ја искористите за да видите дали можете да влијаете на работите. Тоа не е зло, ниту пак манипулација. Голема е веројатноста и дека грешката која треба да ја поправите се однесува на вашата сакана личност.
Шкорпија
Време е за забава, иако овој ден ќе сте или нема да сте свесни за вашата заводливост, но сепак истата ќе биде особено изразена. Луѓето околу вас ќе уживаат да ве гледаат и овој ден целиот ќе ви е насочен кон забавата. Вашите мисли воопшто нема да се за работата. Како и да е, доколку имате партнер обидете се сетоа ова да го насочите кон него, за да не дојде до недоразбирање и мешање на емоциите.
Стрелец
Овој ден вашата напрнатост ќе се намали. За се' што сте мислеле дека не можете да го контролирате и поправите, денес ќе имате и одговор и решение. Некако ќе успеете да најдете начин да воспоставите комуникација со сите. Затоа искористете ја можноста за да ја поправите ситуацијата со вашиот партнер..
Јарец
Денес ќе се обидете бидејќи е крајот на неделата да си ја завршите работата и да не ја оставите неделата за одмор, но некако плановите нема да ви одат од рака. Се' некако ќе треба да правите сами, затоа што никој нема да сака да го помрдне и малиот прст. Како и да е, секоја работа си е своја работа. Вие не мора секогаш да бидете најнаивниот.
Водолија
Денес некако ќе успеете да ги завршите работите полесно за разлика од текот на оваа работа. Како и да е, тоа ќе ви е предност, затоа што и викенд е, па нормално е и вие да сакате да го поминете на раат. Што се однесува до љубовта, денес е можна некоја привлечност од некоја личност која и не е секој ден во вашата близина. Дури и ако сте во врска, не е грев се' додека е само гледање.
Риби
Секако дека е викенд и дека на вас ви одговара да сте дома и да не се оптеретувајте со додатни работи. Меѓутоа, многупати не се прашуваме самите ние. Се' оди во различен правец. Колку и да сте залепени за креветот, денес ќе станете и ќе заминете да ја довршите работата. Гледајте само да сте посконцентрирани, зашто така побрзо ќе си заминете дома.