Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Денес поминете го денот во домашна атмосфера. Дадете си време да прочитате некоја убава книга или да погледнете некој нов филм. Оставете ја работата на страна, посветете се на она што го сакате. На љубовен план, желбите ви се нејасни, но сепак обидете се да останете спокојни.
Бик
Вашата неодговорност придонесува да се чувствувате како да немате доволно време. Сепак тоа нема да има влијае врз вашето расположение, вие се чувствувате позитивно и сте самоуверени кога станува збор за вашите планови. На љубовен план, обидете се да допрете до вашата сакана личност и да и дадете до знаење дека ви е грижа за нејзините проблеми.
Близнаци
Премногу сте избувливи и нетрпеливи, а тоа воопшто нема да ви помогне во извршувањето на вашите лични проблеми и во остварувањето на деловните планови. Следете ги советите на вашиот партнер, сепак тоа е личноста којашто се ја избрале и која што ви мисли добро и сака да ви помогне.
Рак
Премногу сте преокупирани со вашата работа и не излегувате доволно, оставете си простор и време и обидете се да го поминете денот во друштво на вашиот партнер и пријателите. Преокупираноста со работата, оставете ја за текот на работната недела,на крајот на краиштата некогаш ќе жалите за изгубените мигови.
Лав
Секогаш имате јасна цел и сте задоволни од резултатите на работата, ја следите вашата интуиција која никогаш не ве изневерува. На љубовен план можни се пријатни изненадувања, посебно од некое лице од вашето потесно опкружување. Голема е веројатноста дека ќе станува збор за некој кој ви е пријател.
Девица
Доколку оваа недела имате несогласувања со колегите на работата, обидете се да гледате на позитивната страна и да од се' да извлечете поука. Никој човек не може сама, затоа поработете на вашата способност за правење на компромиси. Имате одлична поддршка од пертнерот, а тој има добро разбирање за вашите проблеми.
Вага
Имате голема самодоверба и сепак не сте подготвени за превземање на ризици. Обидете се да делувате посамоуверени и секако очекувајте позитивни резултати. Вие сте личност која не се откажува лесно и секоја препрека можете без проблем да ја надминете. На љубовен план, искористете ја вечерта за да му приготвите убава и мирна вечера на вашиот партнер.
Шкорпија
Поради потешката финансиска состојба, вие покажувате знаци на нетрпеливост и незадоволство, која што драстично влијае на односите на вашиот партнер и семејството. Можеби најдобриот начин е да се зафатите со работата и на тој начин и да добиете чувство дека превземате нешто, а притоа и за да ги оттргнете мислите.
Стрелец
Имате разнишана самодоверба бидејќи вашиот партнер не ве поддржува доволно на вашиот работен план. Обидете се да одделите малку повеќе време за себе и да си ги наполните батериите со прошетка во природа. Природата е најдоброто место каде можете да си ги смирите мислите.
Јарец
Одлично сте концентрирани и тоа дополнително ве мотивира да работите повеќе. Финансиски станувате понезависни, единствено нешто на кое треба да поработите е на ширењето на вашите интереси доколку сакате да напредувате. Не може да се сконцентрирате само на идејата, зашто ќе во се неопходни и алатките за реализацијата. На љубовен план, ве очекуваат несогласувања со партнерот.
Водолија
Во текот на овој ден ќе се чувствувате нестабилно и кога станува збор и за работата и за односите со луѓето околу вас. Едноставно не секогаш знаете да се снајдете во секоја ситуација, а тоа се' повеќе ги влошува вашите односи со партнерот. Можеби е навистина неопходно да поработите на правење на компромиси.
Риби
Од самиот почеток на овој ден вам ви стана јасно дека нема да може да го исполните она што го сакате. Обидете се да се сконцентрирате барем да го поминете денот со помалку кавги. Секоја дополнителна кавга во очите на вашиот сакан ќе ве прави се' понесериозни. Денес не е денот кога треба да се објаснувате.