×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (3.2.2020)

    03.02.2020 09:03 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (3.2.2020)

    Овен

    Денешниот ден за промена посветете го за себе и не дозволувајте околината да влијае на вашето расположение. Оставете одлуките да ги донесе вашиот партнер, затоа што во последно време постојано вие го првите тоа.

    Бик

    Ако сакате да смените нешто, прво започнете од себе. Денес е добар ден за таква промена. Не напаѓајте, туку заеднички размислете. На љубовен план, работите денес нема да бидат во ваша контрола.

    Близнаци

    Иако е почеток на неделата вие ќе бидете уморни и нема да знаете што со себе на работата. Затоа бидете фини кон колегите и искористете ги нивните идеи. На љубовен план, бидете искрени со саканата личност.

    Рак

    Ако сакате да ви се случи нешто убаво, тогаш направете просторот во вас самите за истото. Мора да најдете начин за да се ослободите од негативната енергија. Вашата сакана личност денес ќе биде порасеана од вообичаено, видете покрај неа за да и' помогнете ако и' затреба.

    Лав

    Денес на работата ќе почнат да се менуваат работите на подобро, а со тоа ќе ви се симне голем товар од грбот. Ако имате потешкотии со вашиот партнер, не откажувајте се на прва.

    Девица

    Денес луѓето околу вас ќе се пречувствителни, па се' што ќе кажете ќе го сфатат премногу лично. Меѓутоа, тоа не е ваш проблем. Саканата личност денес ќе ви спреми изненадување.

    Вага

    Престанете да мислите само на работа, затоа што тоа ви создава се' поголеми маки и се' повеќе ве оддалечува од партнерот. Вашиот партнер веќе нема трпение за секојдневните изговори поврзани со професијата.

    Шкорпија

    Се' што денес ќе ви се случува на некој начин ќе биде предизвикано од вас. Затоа внимавајте да не посакате нешто кое не смеете да го посакате. Доколку сте зафатени, размислете дали навистина го сакате партнерот, ако да-тогаш контролирајте го внатрешниот порив.

    Стрелец

    Иако во последно време постојано ви се "закануваа" некои нервози, денес нема да биде таков ден. Вашата позитивна енергија ќе влијае позитивно и на околината. Очекувајте интересни реакции од вашиот партнер.

    Јарец

    Секојдневните грижи оставете ги за некој друг ден, затоа што денес ѕвездите ќе ви бидат наклонети и доколку ја искористите истата можност ќе може да имате позитивен ден. Ако работите на љубовен план не одат како што сакате, денес преземете иницијатива за да го смените истото.

    Водолија

    Доколку сакате да направите промена, направете го тоа но никогаш не заборавајте дека вие имате позитивни карактеристики, кои не треба да ги менувате по секоја цена. На љубовен план, не одете секогаш со глава во ѕид.

    Риби

    Секојдневните обврски денес ќе мора да ги завршите, но тоа не значи дека не треба да оставите време и за себе. Земете си сами одмор, затоа што ѕвездите денес ви претскажуваат позитивен и позабавен ден. Сакајте го она што го имате и не заборавајте на неговата вредност.