Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Денес ќе се чувствувате доста напнато кога станува збор за работа, односно ве очекува некоја мала караница на работата. Како и да е, обидете се да не дозволите да ве "извадат од кожа". На љубовен план ве очекува некоја чудна привлечност кон некоја личност за која не сте се надевале дека ќе почувствувате нешто. Веројатно е само страст, опуштете се.
Бик
На работата ве очекува доста напорен ден, затоа што денес секој ќе се обиде да се меша онаму каде што не му е работа. Но, кога станува збор за финансиите, денес може да очекувате подобрување на ситуацијата иако станува збор за крај на месецот. Во текот на денот исто така ве очекува позив од некој од кого не ни очекувавте.
Близнаци
Кога станува збор за работа, опуштете се зошто денес нема никој да ве оптеретува со непотребни работи. Добар почеток за работната недела. Кога станува збор за љубовта, денес ќе му забележите на вашиот партнер дека не ви посветува доволно внимание. А пак слободните припадници на овој хороскопски знак ги очекува авантура.
Лав
На работата ќе се обидете да им се најдете на вашите соработници, но поради многу обврски кои ќе бидат оставени на вашиот грб, тоа нема да можете да го направите. Без разлика како ќе го сфатат тоа луѓето, знајте дека секогаш нема да можете на сите да им погодите. На љубовното поле, успеавте да ги надминете проблемите со вашиот партнер.
Рак
Денес и за вас се предвидува доста понапорен ден на работата. Но, вам ви е веќе јасно дека и тој ден ќе помине, па затоа нема да имате некоја особена промена на расположението. Така е и најдобро. Мирна вода брег рони. Што се однесува до љубовта очекувајте некоја авантура.
Девица
Колку и да сметате дека вие сте спремни за секаков предизвик, сепак денес ќе ве изненади невозможност на времето да постигнете се'. Времето е секогаш пред вас, затоа посветен се на реалното време, односно зададете си онолку обврски колку што ќе можете да завршите. За потоа да не обвинувате никого.
Вага
Многубројни контакти ве очекуваат овој ден. Нема да знаете главата на кај да си ја свртите. Сепак, тоа и нема да ви претставува некој посебен проблем, освен што нема да имате време за себе. Кога станува збор за љубовта, денес вашите чувства ќе бидатдоста поинтензивни, па ќе заборавите на вашите проблеми во врската и ќе си го сакате партнерот.
Шкорпија
Денес, обидете се да се контролирате. Поради поставеноста на планетите, вие ќе чувствувате дека имате вишок енергија. Токму таа енергија ќе ја насочите кон љубовниот живот. Затоа внимавајте да не завршите со некоја личност која не ве привлекува доволно или пак во некоја авантура доколку имате партнер. Ако имате толку енергија, едноставно насочете ја кон работата.
Стрелец
Денес ќе се чувствувате доста несигурно, па дури и ќе се плашите и да донесете некоја конечна одлука. Можеби е и најдобро да почекате. Не попусто велат трпение-спасение. Што се однесува до љубовта, ќе се обидете не да ја разрешите ситуацијата помеѓу вас и партнерот, туку да и' дадете нов тек на случувања.
Јарец
Денес, кога станува збор за работата, ќе почувствувате олеснување. Односно вашите претпоставени на работата како конечно да почнаа да ја сфаќаат вашата вредност. А што се однесува на љубовта, денес ќе се обидете да го добиете она ти го барае подолго време. Па со среќа, само бидете истрајни.
Водолија
Одлуките кои денес ќе ги донесете, очекувајте да ви се одразат на подолг временски период. Поради истата причина, не бидете секогаш брзоплети. Застанете 10 минути пред да донесете одлука, за што и да станува збор. Кога станува збор за љубовта, денес вашите чувства ќе се поинтензивни, па голема е можноста се' што ќе каже вашата сакана личност да го сфатите премногу лично.
Риби
Ако некогаш сте се запрашале каков е тој добар почеток на работна недела, тоа би требало да изгледала вака. Лесно на работата, а сосема мирно во врската. Сепак, се' е условено од вас, немојте да си го уништите денот затоа што во последно време се навикнавте се' да сфаќате трагично. Прегрнете си го вашиот партнер и дозволете да ја почувствувате врската која е почеток и основа на се'. На крајот на краиштата се' се сведува на тоа дали сте сакани и дали сакате или не. Слободните припадници на овој хороскопски знак, нека ја тргнат гордоста на страна и нека ја побараат личноста која им се допаѓа.