Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Обидете се да не се соочувате со околината и да најдете душевен мир, состојбата во која се наоѓате сега и не е најдоброто решение за влез во Новата година. На љубовно поле, оставете им простор на луѓето кои би сакаат да ви се приближат.
Бик
Работата ви оди многу тешко, затоа што бара многу повеќе напор од она што вие можете да го понудите. На љубовен план, партнерот ќе биде пречувствителен на вашите зборови.
Близнаци
Очекувате нови животни услови, но не очекувајте дека ќе ви помогне некој од страна. Се' ќе остане на вас и на крајот од старата година. На љубовен план, ангажирајте се малку повеќе кога станува збор за љубовта, затоа што вашата повлеченост нема да вроди со плод.
Рак
Од животот понекогаш треба помалку да барате, а повеќе да му бидете благодарни. Не секогаш добиваме се' што сакаме, едноставно животот секогаш не ни го дава тоа што ни треба. На љубовен план, опуштете се затоа што само на тој начин ќе најдете смирение. Не заборавајте: трпение-спасение.
Лав
Вие немате време за губење, затоа го користите секој момент за да добиете се' повеќе на квалитет и задоволни да ја затворите Новата година. На љубовен план, имате потреба саканата личност постојано да биде покрај вас.
Девица
Од време на време користите мала лага за да се заштитите од одредени луѓе, веќе немате сили да ги издржувате нападите на останатите луѓе. На љубовен план, препуштете му се на уживањето, затоа што се' повеќе губите од вашата енергија.
Вага
Ден во кој особено ќе биде нагласена вашата потреба за заработка. Кон крајот на оваа година целосно станувате свесни дека не секогаш е важна само сатисфакцијата туку се важни и парите. На љубовен план, свртете се кон луѓето кои ве сакаат и вреднуваат. И на крајот на краиштата не заборавајте дека партнерот треба да ви биде на прво место, затоа што на крајот сите си заминуваат кај „своите“.
Шкорпија
Иако не сте во состојба се' да завршите денес, не плашете се. Крајот на старата и почетокот на Новата година не треба да значат дека треба да претставуваат крај за нешто, тоа е само еден премин. На љубовен план, обидете се да бидете реални, затоа што веќе сте сосема свесни дека преголемите очекувања ве носат во погрешна насока.
Стрелец
Пред да започнете да реализирате нешто пожелно би било прво истото да го подготвите. Се' уште не сте во состојба да ги остварите своите замисли, бидете реални. На љубовен план, исто така бидете реални во очекувањата.
Јарец
Вашата енергија особено ќе биде изразена во текот на овој ден. Се' што ќе се обидете да го направите ќе заврши како успешно. Уживајте во подготовките на славењето, прилагодете се на средината и уживајте.
Водолија
Имате голем напредок во она што го правите. Не откажувајте се секогаш на половината, на тој начин никогаш нема да бидете победник. Не влегувајте секогаш во расправии со вашето семејство, затоа што вие сте личност која не знае да се контролира во бесот. Истото колку што е негативно за нив толку е нагативно и за вас.
Риби
Не соработувајте со негативните луѓе, тие лесно се препознаваат и нудат само негативни резултати. На љубовен план, емотивно ќе бидете пречувствителни, не успевате да најдете баланс и тоа ќе придонесе да се чувствувате нестабилно и несакано.