×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (31.1.2020)

    31.01.2020 10:09 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (31.1.2020)

    Овен

    Наместо да се надмудрувате со неистомисленици, најдобро е да го направите чекорот. Саканата личност ќе ви ги анализира и потенцира вашите недоследности, но вие нема да имате нерви за да ги слушате.

    Бик

    Денес ќе сфатите дека за да направите промена дека ќе ви се потребни доверливи податоци, а не само „чаршиски муабети". Не трудете се денес да ги потиснувате вашите емоции, затоа што тие секако ќе испливаат на површина.

    Близнаци

    Не двоумете се пред предизвиците кои денес ќе ви ги донесе работата. Само останете фокусирани и доследни. Не мора да постои посебна причина за да ја израдувате вашата сакана личност, направете го тоа денес.

    Рак

    Некој кај вас денес ќе ја поттикнува вашата креативност и тоа ќе ви предизвика насмевка на лицето. Не можете да им одолеете на новите емотивни искушенија. Делувате шармантно и привлечно и ќе успеете да ја заведете посакуваната личност.

    Лав

    Денес ќе се наоѓате неколку чекори пред вашите соработници, но доколку сакате се' да функционира како што треба, не изоставувајте ги професионалните манири. Не вршете емотивен притисок на вашата сакана личност без причина.

    Девица

    Премногу лично ги доживувате работите на вашето професионално поле и затоа правите грешка. Послушајте го советот на вашиот колега. Не преувеличувајте ги работите и дозволете му на вашиот партнер да биде среќен и без причина, а не постојано да му барате замерки и да го прашувате зошто е насмеан.

    Вага

    Самодовербата којашто ја поседувате делува позитивно на вас. Добро сте расположени и верувате дека постои начин за полесно да ги решите работите. Денес нема да можете да ја исконтролирате вашата насобрана исфрустрираност кон вашиот партнер.

    Шкорпија

    Иако вие ќе бидете нетрпеливи и нема да можете да направите ништо за тоа да го спречите, истото ќе им пречи на вашите колеги и затоа ќе сакаат да ве остават на страна. На љубовно поле, најважно е да го направите она коешто навистина го мислите, а не да играте нечија улога.

    Стрелец

    Денес ќе се потрудите да оставите подобар впечаток кај вашите соработници, покрај интелегенцијата покажете ја и вашата емотивна страна која ве прави поинаква од другите. Доколку сакате да се релаксирате, време е да преземете иницијатива и да излезете да се позабавувате.

    Јарец

    Не потклекнувајте на провокации, доволно сте умешни за да се справите со таквите состојби. Понекогаш треба да ја оставите рационалноста на страна и да им се препуштите на емоциите, за да можете да уживате.

    Водолија

    Иако имате докази кои денес можат да ја обелоденат вистината, сите ќе делуваат незаинтересирано, не разочарувајте се затоа што не секој има капацитет за да ја истрпи вистината. Премногу ќе ве иритира некое однесување, но нема да дозволите да излезете од контрола.

    Риби

    Денес некој ќе се обиде да ве изманипулира за да го добие она што го сака, но вие вешто ќе успеете да го препознаете тоа и да се справите со истото. Не потценувајте го партнеровото молчење, затоа што може да ве изненади непријатно.