Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Не оптеретувајте се со беспотребни работи кои се' повеќе придонесуваат да наликувале на дежурен полицаец. Сконцентрирајте се на она кое во овој период ќе ви носи пари.
Со саканата личност наоѓате заеднички јазик, меѓутоа се' уште не можете да го заборавите она што ви се има случено во претходниот период.
Бик
Обидете се да ја свртите вашата гледна точка, односно да не гледате на се' негативно, туку да го најдете позитивниот дел на кој ќе се посветите.
Свртете се кон вашиот партнер, во животот ви недостига емотивниот сегмент.
Близнаци
Вложувањето во она што вие го сакате може да ви донесе приход. Иако не е соодветен период, сепак понекогаш вреди да се обидете.
Обидете се да бидете поблиску до личноста која ја мислите овие денови.
Рак
Она што од вас се бара во овој период, на работното поле, е пожртвуваноста. Иако на никој не му е лесно, сепак продадената рака може да доведе до ракување.
Посветете им се на емоциите, затоа што овие денови тие ќе ви ја полнат батеријата.
Девица
Доколку во овој период ви се нуди некоја професионална ангажираност, не одбивајте ја без да размислите. Во животот не добиваме секогаш се' што сакаме, понекогаш дури подоцна сфаќаме дека некои работи се само отскочна штица за други.
Заборавете на врските кои се веќе минато.
Вага
Иако не сакате да се занимавате со работа која не е на вашето ниво, сепак овој период ќе мора да ги засукате ракавите и да ги стиснете забите. Иако заслужувате повеќе сепак ќе мора да најдете баланс.
Љубовта се развива доколку имате и заеднички теми за разговор.
Шкорпија
Доколку навистина сакате да ја подобрите вашата финансиска состојба во моментот тогаш мора да бидете повеќе сконцентрирани.
Кога станува збор за љубовта ќе имате позитивна енергија која ќе влијае благопријатно на вашиот партнер.
Стрелец
Овој пат спремете се на отворена соработка, затоа што може да имате бенефит од неа. Не се вознемирувајте од мислењето на другите, затоа што тоа не треба да има големо значење за вас.
Ставот којшто го имавте претходната недела за одредени работи може да се пренесе и оваа недела.
Јарец
Вие се држите до старото и не сакате да менувате многу работи околу вас. За тоа имате свои причини.
Немате ниту мотивација, а ниту пак сили за да се занимавате со нечии емоции. Тоа може да разбесни некој.
Водолија
Со широко срце и насмевка им се обраќате на сите. Овие денови е лесно да се соработува со вас.
Имате доста љубов и барате со кој да ја поделите. Не очајувајте, за секое "тенџерче ќе се најде капаче".
Риба
Убав почеток на неделата. Вашата позитивност ќе ја пренесете и на вашите соработници.
Поголем дел од времето поминувате со вашиот партнер, потрудете се да имате повеќе романтични мигови.