Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Некои зборови на вас ќе делуваат целосно провокативно, но вие треба да се воздржите доколку не сакате дополнителни последици. Иако партнерот ќе има различно мислење и нема да сака да го прифати вашето, сепак очекувајте брза и лесна разврска.
Бик
Некој професионален успех делува мотивирачки на вас и нема да сакате никој од околината да ве попречува. За да го добиете она што го сакате на љубовно поле освен шарм, потребно ви е и зрно разум.
Близнаци
Потребно е да ги организирате и ускладите своите интересирања за да може да ги остварите различните цели. Покажете му на партнерот дека ги поседувате и оние емотивни манири кои ви додаваат дополнителен шарм.
Рак
Денес ќе имате чисти несогласувања на работата, затоа што сите кај вас ќе имаат најразлични амбиции за некоја повисока позиција. Претерувате во некои барања од вашиот партнер. Некој воопшто не ви одговара на пораките.
Лав
Некој ве убедува да прифатите нови идеи и да ги тргнете на страна постарите. Меѓутоа, вие не сте расположени за експериментирање. На љубовен план, вие некои работи ги прифаќате сосема вообичаено, а вашиот партнер тоа го прави со некое одушевување што за вас не е познато.
Девица
Сочувајте ја присебноста и не прекршувајте ги професионалните планови по наговор на некој друг. На љубовен план, подобро задржете го она што го имате отколку да се занесувате со нечија приказна и комплименти.
Вага
Некој денес ќе се обидува постојано да ги игнорира вашите идеи, не дозволувајте да забележи дека сте нервози поради истото. На љубовен план, мора да работите на ускладување на вашите мисли и чувства.
Шкорпија
Пропуштената можност на работата не ја сфаќајте како губиток, туку како лекција за другиот пат да бидете пофоскусирани. Во љубовниот живот, вие за разлика од партнерот имате цврсти ставови од кои не отстапувате и сакате сите заеднички планови да ги исполните.
Стрелец
Некој вас ве критикува и се обидува вашите идеи да ги претстави во црно светло. За сега ќе ви биде тешко да ја утврдите вистината во редовите помеѓу соработниците. Нема причина да се однесувате премногу таинствено кон вашиот партнер, тоа може да придонесе за оддалечување.
Јарец
Соработниците немаат слух за вашите идеи и тоа се одразува негативно на вас. Имате чувство дека некои работи се случуваат без ваше знаење и дека партнерот нешто ви премолчува. Научете се да читате меѓу редови.
Водолија
Имате добри идеи, но некој го ограничува вашиот професионален впечаток. Обидете се најпрво да дознаете кој е тоа. Иако немате намера да ги менувате вашите мислења за партнерот, сепак не заборавајте дека компромисот е тој која ја поддржува врската.
Риби
Иако работите многу, сепак имате слаби резултати, а тоа е поради тоа што некој ги присвојува вашите поени. Препуштете му се на оној кој навистина прави да лебдите.