Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Вие имате низок буџет, но сепак сакате да бидете во друштво на луѓе кои знаат и сакаат да трошат повеќе. Внимателно денес со расфрлањето. Повеќе сте поврзани со пријателите, а не со партнерот и тоа ви создава проблеми.
Бик
Денес на се' околу вас ќе гледате низ уметника перспектива. Не слушајте ги коментарите од околината дека тоа е чиста фантазија, само затоа што тие не знаат да гледаат од друга перспектива. Не сте расположени за некои емотивни изливи.
Близнаци
Денес ќе имате добра соработка со луѓето околу вас, па дури е можна и нова понуда за работа. На љубовен план, не препуштајте и' се на пасивноста, затоа што вашиот партнер го сака токму вашиот млад дух.
Рак
Партнерот е некој кој треба да го слушате и кога станува збор за работата. Послушајте ги и неговите совети. Токму чувството на сигурноста е тоа што прави да се чувствувате способни за се'.
Лав
Презафатени сте затоа што ги прифаќате сите работи коишто ви се нудат. Не сте личност која преферира само еротика, потребна ви е и духовна стабилност.
Девица
На работата не избегнувајте ја вашата талентираниот за аналитичност, токму тоа е она што денес ќе ве издвои од другите. Бидете малку поопуштени кога станува збор за вашиот сакан.
Вага
Работата може да биде завршена само ако се работи во група. Не изоставувајте ја тимската работа. Во моментот, емоциите не ви се на прво место.
Шкорпија
Вие се наоѓате во ситуација каде мора да ги браните вашите ставови. Бранете си ја својата позиција. Премногу сте конзервативни и тоа лошо влијае на вашата врска.
Стрелец
Вие навистина знаете како да постапувате. Не мора да вложувате многу, но сепак и тоа малку е многу вредно. Наоѓате време и за љубовта.
Јарец
Со својата работа сакате да ги воодушевите останатите и во тоа успевате. Партнерот има чувство како да не припаѓа покрај вас, ако не е така, обидете се да не бидете ладни.
Водолија
Денес нема да бидете премногу оптеретени со работата, следи викенд во кој сакате да се исклучите од се'. Сакате семејство и деца и тоа не може да ви се скрие од лицето.
Риби
Вие ги имате сите предности за да се занимавате со работа која вклучува истражување, но постојано ја изоставуваате таа ваша способност. Понекогаш треба да се прават планови и кога станува збор за љубовта, затоа што вашата спонтаност честопати знае да наликува на незаинтересираност.