×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (6.7.2020)

    06.07.2020 07:58 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (6.7.2020)

    Овен

    Вашата претходно стекната осет за работата и вашето претходно искуство денес ќе ве извадат од „калта“ на работата.

    Денес, ве очекува флерт со некоја личност, доколку сте слободни. А пак, доколку сте во врска, денес е убав ден за прошетка.

    Бик

    На работата ќе имате одредени недоразбирања, коишто можат да доведат до штета за вас, но само ако не знаете да бидете флексибилни во вашите ставови. Доколку забележите дека работите одат во надолна линија, тогаш направете компромис.

    Доколку сметате дека вашиот партнер бара повеќе од она што вие некогаш би можеле да му го понудите, тогаш објаснете му го тоа.

    Близнаци

    Комуникацијата на работното поле денес може да ви биде доста отежната, но сепак ќе најдете начин како да се справите со сето тоа.

    Добро е што почнавте искрено да ѝ кажувате на саканата личност што навистина ви пречи, затоа што искреноста е најдобра база за решавање на проблемите.

    Рак

    Денес на располагање ќе ви бидат многу работи, но само доколку знаете како да ги искористите. Зграпчете ја неделата уште на нејзиниот почеток.

    Не бидете затворени во комуникацијата со вашиот партнер, кажете му кои се вашите фантазии.

    Лав

    На професионалното поле, денес ќе успеете да се снајдете само доколку го искористите вашето искуство. Не бидете претерано ситничари, затоа што тоа ќе ги вади од кожа вашите колеги.

    Денеска не е ден за заведување, внимавајте и вреднувајте си го она што го имате.

    Девица

     Понекогаш не е важно само дали вие ќе заработите повеќе или не, туку важен е и вашиот углед, не занемарувајте го тоа.

    Иако велите дека на љубовното поле се чувствувате добро, сепак длабоку во себе чувствувате одредена монотонија и желба за нешто несекојдневно.

    Вага

    На работата ќе заземете став и ќе се држите до него. Иако тоа ќе им пречи на останатите, сепак вие ќе си ја завршите работата онака како што треба.

    На љубовното поле, ви недостига нежноста на саканата личност. Обидете се проблемот, најпрво, да го решите со разговор.

    Шкорпија

    Многу ретко се случуваат чуда, а таков ден ќе биде и денес, кога ќе се уверите дека без разлика колку и да се надевате на нешто подобро, дека истото ќе биде можно само со работа. Не очајувајте поради тоа, засукајте си ги ракавите и фатете се за работа.

    Не откажувајте се од љубовта, поради пропратните пречки, фатете си ја саканата личност за рака и насочете се кон заедничка иднина.

    Стрелец

    Кога станува збор за работата, понекогаш сте премногу наивни, а тоа знае да резултира негативно по вас. Вашите идеи сочувајте си ги за себе и соопштете ги во моментот за кој ќе забележите дека е најсоодветен.

    Вашето однесување овој ден ќе предизвика недоразбирање кај саканата личност и со самото тоа ќе се почувствува одредена доза на цинизам. Не ги ставајте работите под тепих, извадете се` на површина.

    Јарец

    Не прифаќајте секакoв професионален ангажман. Најпрво размислете дали ќе сте во можност тоа да го завршите, а и на крајот на краиштата размислете дали  вреди да се прифати тој ангажман.

    На љубовното поле, не го правете на саканата личност она што не сакате да ви го прави вам.

    Водолија

    Сигурни сте во себе и знаете што да направте. Опкружувањето околу вас навистина знае да ве успори, меѓутоа тоа не е причина да се откажете.

    Овој ден ќе сте со ставот дека љубовта е она што го создавате, без никакви мечти, па истото ќе придонесе и повеќе да се ангажирате на љубовното поле.

    Риби

    Вашата сигурност овие денови ќе се должи на финансиската состојба којашто ја живеете, бидејќи е почеток на месецот. Меѓутоа, внимавајте потоа следуваат денови во кои ќе имате и дополнителни трошоци.

    Денес, на љубовното поле, без разлика дали ќе сакате или нема да сакате да разговарате со вашиот партнер, тоа ќе мора да го направите. Соочувањето со вистината не е лесен процес, но е неопходен.