Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Доколку сте заинтересирани за одредена работа не плашете се и не срамете се да прашате за неа. Не можете да ја донесете вистинската одлука ако не ви се познати многу аспекти од работата којашто ја планирате.
Денеска ќе чувствувате особена страст и ќе сакате да ги наполните батериите со љубовта.
Бик
Искористете го денот за да направите нешто тшо сакате, затоа што овој ден има предиспозиции за убави работи. Свежиот воздух ќе ви биде доволен за надополнување на „батериите“.
Оставете ги на страна љубоморните испади, ако за нив немате реална основа.
Близнаци
Денеска се чувствувате пooдморено и ќе сакате да ја зграпчите неделата уште од самиот нејзин почеток. Бидете креативни и не срамете се да побарате помош за работата.
Задоволни сте со она што го имате во моментот, но сепак сакате вашиот љубовен живот да има развојни фази.
Рак
Денеска ќе имате сила да спроведете некои работи коишто ви заостанаа од претходната недела. Не се плашите да го кажете своето мислење и да држите до него.
Светот може да го имате во своите дланки, ако ја имате љубовта, затоа не изземајте ѝ ја важноста.
Лав
Денеска е денот кога ќе можете да се обидете повторно за некои работи коишто ги разгледувавте минатат недела.
Останете на страна доколку се најдете во некоја ситуација каде вашиот партнер се расправа со некој од неговото семејство.
Девица
Доколку ви се има насоберено работата, денеска е вистински момент за да ја завршите. Ќе имате и волја и сила за спроведување на работите.
Не барајте од вашиот партнер да „престане да живее“ само затоа што вие се чувствувате негативно.
Вага
Вашиот иновативен пристап кон работите денес може да ви послужи за да ги завршите работите покреативно од претходните денови и да бидете заодоволни со резултатот.
Кога станува збор за љубовта, на масата во моментот ви се наоѓаат повеќе карти и не знаете која комбинација е најсоодветна.
Шкорпија
Денеска нема да мора да се трудите за да направите нешто повеќе, затоа што работите некако сами по себе ќе се средуваат, со ваше мало посредство, секако.
Искористете го денот за да го изненадите партнерот со некоја убава вечера.
Стрелец
Стоењето во едно место нема ништо да ви смени во животот. Животот е развојна фаза, во која ако застанете на едно место, вие веќе сте минато.
Бидете „поажурни“ доколку сакате да ви се средат работите на љубовното поле.
Јарец
Доколку сте имале некои потешки моменти и не сте можеле да ги решите претходната недела, денес е добар ден за да почнете со нивно решавање. Не ставајте ги проблемите „под тепих“.
Понекогаш љубовта е само тоа што го гледате, не барајте премногу.
Водолија
Во моментот на вас ви е потребно да ја покренете вашата ментална и физичка сила за да можете да ја зграпчите неделата уште на нејзиниот старт, па потоа да земете време и за вас.
Кога станува збор за љубовта, не заборавајте дека највидливото е со срцето. Доколку некои работи не ви одат како што треба, обидете се да погледнете со срцето.
Риби
Доколку има нешто што сакате да го направите, тогаш не чекајте некој тоа да ви го каже. Преземете ги работите во свои раце, затоа што веќе подолго време сте сами пасивен набљудувач.
Не му замерувајте на паартнерот за секој изустен збор.