Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Денес обидете се да не го употребувате разумот, туку да се насочите кон интуицијата. Не секогаш можете да расудите со вашата интелигенција.
Иако на мудар начин се обидувате да ги заобиколите одговорите коишто не сакате да му ги дадете на партнерот, сепак и тој нема да биде наивен, внимавајте на вашето однесување.
Бик
Во вашата околина владее недоверба и непрофесионалност и без разлика на вашата упорност, тоа во овој период, а поготово во овој ден не можете да го смените.
Вашиот љубовен живот, денес, ќе биде одраз на она што сте вие. Колку повеќе вложувате, толку повеќе ќе добиете.
Близнаци
Вие сте човек кој ја сака професионалната страна кај другите, но во последно време и кај вас изостанува истата, затоа што не можете да најдете време за се`. Одморете се, соберете сили и продолжете онаму каде што сте застанале.
Вашиот љубовен живот трпи повеќе одшто треба, вашата работна атмосфера станува неподнослива за вашиот партнер.
Рак
Ако сакате да покажете дека во нешто навистина верувате, тогаш направете го тоа со целото ваше битие. Во последно време сите идеи станаа толку лажни, па луѓето се сомневаат во се`. Не ги сфаќајте работите премногу лично.
Беаз разлика дали вашиот љубовен живот овој ден ќе биде она што го очекувате или не, вие сепак ќе сакате да изгледате шармантно и да се насочите кон она што сакате да го „освоите“ во последно време.
Лав
Престанете да се однесувате неодговорно, затоа што со вашите постапки денес може да си ја искомплицирате работата. Не може се` да биде како вие што сакате.
Вашата сакана личност почнува да ви негодува поради монотонијата во којашто полека но сигурно, паѓате.
Девица
Престанете да се однесувате неодговорно и детски кога станува збор за работата. Вашите приоритети може да се поразлични од приоритетите на вашите колеги, но тоа не значи дека не треба да правите компромиси и да одите со главо во ѕид.
Секојдневните мали љубовни маки допридонесуваат да ја губите заинтересираноста за саканата личност.
Вага
Вашата посилна страна е избалансираноста, меѓутоа денес нема да можете да ги контролирате вашите емоции, па ќе делувате непрофесионално доколку не воспоставите рамнотежа во вашите ставови.
На љубовното поле, вие станувате вистински херој кога се во прашање пречекорувањата на пречки, меѓутоа денес ќе размислувате за тоа дали вие навистина сте херој или пак некој кој постојано е искористуван.
Шкорпија
Вашата искреност денес ќе дојде до израз, а истата ќе биде забележана и од некој кој навистона ве вреднува како човек. На останатите колку и да им изгледа патетично, истата личност ќе застане на ваша страна.
Вашата љубовна приказна често знаете да ја направите бајковита, меѓутоа денес ќе сакате да ја оставите онаква каква навистина е, за да успеете да ја согледате реалноста пообјективно.
Стрелец
Денес ќе имате потреба од дополнителен одмор, затоа што освен работните обврски ќе имате потешкотии и во комуникацијата со некои луѓе.
Не заборавајте дека љубовта е она што сте вие, она што вие го поседувате е она што ве привлекува кај другите. Затоа не бидете нешто коешто не го сакате ниту кај другите.
Јарец
На работата денес се можни несогласувања со вашите колеги, кои ќе ви ги поматат плановите и мислите. Не дозволувајте нивната непрофесионалност да предизвика грешки во вашето работење.
Без разлика дали сакате или не сакате да разговарате за љубовните проблеми, тие денес ќе излезат на површина.
Водолија
Денес ќе бидете пренатрупани со работните обврски, па нема да знаете кон што да се свртите попрво. Насочете се кон исполнување на она што во моментот ви е приоритетно.
Вашиот партнер почнува да покажува интерес за некоја друга личност, иако тоа не го признава, вие индиректно го забележувате.
Риби
Вашите колеги денес ќе се обидат да ви се најдат за да ги завршите и вашите обврски. Не бидете неблагодарни кога станува збор за помош при тимска работа.
Вашиот партнер, денес ќе се однесува невообичаено, што кај вас ќе предизвика дополнителен сомнеж.