×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСОП (26.11.2019)

    26.11.2019 08:06 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСОП (26.11.2019)

    Овен

    Овој ден ќе се чувствувате особено уморно, па затоа и нема да бидете фокусирани на работата, па дури и ќе се чувствувате конфузно. Обидете се сите дополнителни обврски да ги одложите за да можете да си ја вратите силата. На љубовно поле, обидете се да не барате премногу од вашиот партнер. Слободните припадници на овој хороскопски знак, нека се обидат денес да не бидат премногу "чувствителни" и со тоа да си ги загрозат пријателските односи.

    Бик

    Доколку навистина сакате да постигнете успех на работата, тогаш обидете се да поработите на вашиот фокус, а воедно и да бидете повеќе организирани. Вашата мотивација мора да трае повеќе од еден ден или месец за да успеете. На љубовното поле, денес особено ќе биде изразена вашата потреба за поминување на повеќе време со вашите сакани. Слободните припадници, нека излезат од конфорната зона и нека направат чекор нанапред доколку сакаат да им се промени статусот.

    Близнаци

    Вие сте личност која е особено упорна кога станува збор за извршување на вашите обврски, меѓутоа за да постигнете успех вие знаете да ги разграничите пријателските и професионалните односи, затоа обидете се да се тргнете на страна од луѓето кои тоа не го знаат. Истите само ќе ве успоруваат. На љубовен план, се препорачува да размислите за некое излегување со вашиот партнер, кое ќе ги разбранува вашите односи.

    Рак

    Секојдневните  активности нема да ви одат од раце, едноставно треба да размислите дали вие посветувате доволно време на завршувањето на вашата работа или само сте фокусирани на помагање на колегите. Кога станува збор за љубовта, обидете се да ја гледате поведрата страна затоа што негативните коментари се тивок убиец на секоја врска.

    Лав

    Во текот на овој ден можете лесно да дојдете во конфликт со некој од вашите вработени, доколку дојде до истото обидете се да се тргнете на страна, затоа што денес "коцките" нема да ви се наместат на вас. На љубовен план, обидете се да ги распределите обврските со вашиот партнер, затоа што изоставувањето на едниот може да придонесе и за оддалечување помеѓу вас.

    Девица

    На работата особено сакате да се истакнете, затоа што веќе подолго време работите без да добиете покачување или барем некаква верификација од вашите претпоставени. На љубовно поле, денес ќе имате проблеми во рамките на вашето семејство, обидете се да бидете постабилни доколку треба да се донесе некоја одлука. Слободните припадници, со својата позитивна енергија се на добар пат.

    Вага

    На работата обидете се да бидете трпеливи кога станува збор за соработката со вашите колеги. Негативното однесување може да придонесе да ви ја попречат работата. На љубовен план, обидете се да не дозволувате проблемите од вашето семејство, да се пренесуваат на партнерот. Немој да дозволувате никој да "меша прсти" во вашата "чорба". Слободните припадници на овој хороскопски знак, треба да се обидат да ја исфрлат несигурноста од нивниот начин на однесување.

    Шкорпија

    Доколку денес се најдете на некоја непланирана работна средба, обидете се да не бидете скептични затоа што тоа можеби е нова можност за напредување. На љубовен план, денес особено ќе ве прати среќа доколку правите некоја организација со вашиот партнер. Слободните припадници, ги очекуваат промени во нивниот љубовен живот.

    Стрелец

    Вашата заангажираност е од особена важност, меѓутоа треба да размислите и за поставување на реални цели кои можете да ги исполните. Не претерувајте кога станува збор за работата, затоа што тоа никогаш не зависи само од вас. На љубовен план, обидете се на некои работи да гледате од поведра страна, за да не си создавате дополнителни проблеми.

    Јарец

    На работата обидете се да не влегувате во конфликти со колегите, затоа што денес ќе можете да ја завршите работата побрзо со нивната помош. На љубовен план, ве очекуваат романтични мигови со вашиот партнер, затоа што ќе почнете да вагате што ви е важно, а што не. Слободните припадници, треба да преземат акција.

    Водолија

    Бидејќи денес ќе се обидете да ја погледнете позитивната страна на работите, сето тоа ќе ви овозможи полесно да го поминете работниот ден. На љубовен план, доколку денес имате можност за заедничко дружење, не пропуштајте ја можноста за да ја разбранувате врската. Слободните припадници на овој хороскопски знак со своето "ладно" однесување ќе ги привлекуваат припадниците на спротивниот пол.

    Риби

    Доколку ја погледнете ведрата страна на нештата, тогаш ќе сфатите и дека не е се' така црно и кога станува збор за вашето работно место. Обидете се само да ја видите убавината во нејзината повеќеслојност. На љубовен план, обидете се да се фокусирате на градење на заедничка иднина со вашиот партнер, затоа што тоа дава чувство и на сигурност и на припадност. Слободните припадници на овој хороскопски знак, денес може да бидат особено зафатени со дружење и излегување.