ДНК ќе одржи концерт во Охрид
24.07.2014 12:10
| KumanovoNews
Во рамки на промотивната турнеја на албумот “Срце“, ДНК на 27 јули ќе одржат солистички концерт на плажата Кадмо во Охрид.

- Секој ваков голем концерт со нашиот бенд е ново, посебно искуство. Затоа, би сакале да упатиме отворена покана – дојдете на концертот на „ДНК“ и дозволете ни нашето „Срце” да ги освои Вашите срца. Албумот досега е одлично прифатен, па затоа очекуваме уште еден одличен концерт во македонскиот бисер - изјавија од ДНК.
Тие велат дека охриѓани досега им покажале дека се добредојдени во нивниот град и ветуваат настап полн со енергија.