Добитниците за Нобелова награда исчезнаа
12.10.2013 07:30
| KumanovoNews
Комитетот задолжен за доделување на Нобеловата награда за мир има проблеми во пронаоѓање на добитниците.

На нивниот профил на Твитер оставија статус: "Ве молиме контактирајте не, ние се обидуваме да ја добиеме Вашата канцеларија".
Преносот на доделувањето заврши, но сеуште се обидуваат да ја пронајдат Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Најмладиот добитник на Нобелова награда во 1915 година бил физичарот Лоренс Браг, кој тогаш имал 25 години. Најстариот во научните дисциплини во 2002 година бил физичарот Рејмонд Дејвис на 88 години. А двајца добитници на Нобелова награда за економија Леонид Хурвиц и Лојд Шепли кога им била доделена наградата, веќе имале 90 т.е. 89 години.