Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера вечер беа одржани британските музички награди во О2 Арената во Лондон, доделување на кое присуствуваа огромен број на музички ѕвезди кои направија одличен перформанс на сцената.
Најголем победник на вечерта е Емели Санде која ја доби наградата за најдобар женски изведувач и албум на годината (Our Version of Events). Бен Хауард исто така зеде две награди и тоа за најдобар машки изведувач и најдобар дебитантски албум.
Адел е добитник на наградата најдобар сингл на годината за песната „Skyfall“. Адел за жал не можеше да присуствува на доделувањето бидејќи се наоѓа во Лос Анџелес каде се подготвува за Оскарите, па затоа се заблагодари преку видео порака.
Наградата за најдобар интернационален машки изведувач ја зеде Френк Оушн, а за женски Лана Дел Реј.
Најдобар бенд на годината е Мамфорд&Санс, додека пак Кодлпеј ја добија наградата за најдобар настап во живо.
На доделувањето настапија Мјуз, Роби Вилијамс, Џастин Тимберлејк и уште неколку останати светски музички ѕвезди.