Доделени Латино Греми музичките награди
16.11.2012 11:06
| KumanovoNews
Во Лас Вегас, синоќа се доделија 13-те по ред Латино Греми награди, каде како најголеми победници се издвои мексиканското поп-рок дуо Jesse & Joy.

Дуото ги освои наградите во категориите најдобар носач на звук, најдобра песна, најдобар спот и најдобар модерен поп албум. Ова дуо го сочинуваат брат и сестра музичари, мултиинструменталисти.
Колумбискиот поп-рок пејач Juanes си замина дома со две освоени награди, додека шпанската ѕвезда David Bisbal победи во категоријата најдобар традиционален албум.
DJ-скиот колектив 3BallMTY беа најдобри во категоријата електронска латино музика.