Доделени ТВ наградите „Еми“ за 2012
На синоќешното 64-тото доделување на најголемите телевизиски награди Еми, апсолутни победници се серијата „Хоумленд“ и „Модерно семејство“

„Хоумленд“ освои четири награди, вклучувајќи ја и почесната категорија на драмски серии. На изненадување на сите, токму оваа серија ја симна од тронот „Момците од Медисон“, серијата која во изминатите години доминираше на доделувањето на наградите.
Во категорија за најдобра хумористична серија, најмногу награди и припаднаа на серијата „Модерно семејство“. Наградата за најдобра актерка во драмска серија и припадна на Клер Дејнс, за улогата во „Хоумленд“, а нејзиниот колега Демијан Луис ја доби наградата за најдобра машка улога.