Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фолк пејачката Сузана Гавазова на својот настап на Рома труба фест, песната „Докторе„ му ја посвети на градоначалникот Зоран Дамјановски.
Рефренот „Докторе, докторе ти ми требаш докторе, барај чаре да ме лечеш како знаеш жити се...„, градоначалникот не го слушна, бидејќи замина на хуманитарен концерт кој се одвиваше на друга локација. На нашето прашање дали песната беше посветена на градоначалникот кој по професија е гинеколог, Сузе одговори:
Така е. Вашиот градоначалник вечерва е единствениот вистински доктор, иако имаме тука доста доктори за музика.
Градоначалникот го отвори фестивалот и ги поздрави присутните гости и посетители, и си отиде, па затоа не знаеше дека песната му била посветена нему.
Сузана не ја пее оваа песна првпат во мое присуство. Многупати била гостинка на приватни и деловни прослави што ги организирале мои пријатели, и секогаш првела убава атмосфера со нејзините песни и специфичниот музички вокал. Таа е убава госпоѓица која овозможува пријатно музичко и визуелно доживување- изјави градоначалникот.
Дамјановски пред да стане градоначалник работеше како гинеколог во Кумановската болница. Важи за врвен стручњак и многу жени жалат што замина во политиката и ја остави професијата.
Гавазова на седмото издание на дувачки средби „Рома труба фест 2012„ беше специјална гостинка која ја отпеа ромската химна „Џелем, Џелем„. (ВЕСТ)