Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Документарниот филм за американската пејачка Бијонсе, кој таа самата го режирала, премиерно ќе биде прикажан во фебруари 2013 година, објавува денеска кабловската мрежа "HBO".
Во документарниот филм ќе може да се види "видеото кое дава директен и единствен пристап во приватноста на иконата во забавата, работата и семејството".
Гледачите ќе имаат можност да ја видат Бијонсе како ги извршува домашните работи, како се снаоѓа како мајка во семејството и како директор во компанијата Parkwood Еntertainment.
Бијонсе во соопштувањето наведува дека овој нејзин проект е само од лична природа.
Пејачката е мажена за раперот Џеј Зи со кого имат ќеркичка Блу Ајви Картер.