„Долче и Габана“ промовираа парфем за бебиња
31.01.2013 09:56
| KumanovoNews
Италијанската модна куќа „Долче и Габана“ го промовира својот прв парфем наменет за бебиња.

Парфемот Д&Г за деца е инспириран од „мекоста на кожата, свежината на здивот и првата насмевка на бебето“ изјавија дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана.
Во парфемот доминираат тонови на лимон, диња и мед, а одговара и за девојчиња и за момчиња, а не содржи алкохол.
Пред „Долче&Габана“ парфем за бебиња лансирале и „Барбери“ и „Булгари“.