Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Секое семејство има потреба од семејни рутини, затоа што рутините во своја основа го олеснуваат правењето на работите, создаваат навики кај децата, но воедно преку семејните рутински вечери, сеанси во текот на неделата и многу други работи кои едно семејство може заеднички да ги прави, придонесуваат за формирање на посилни врски во семејството преку доверба и чувство на припадност.
Психолозите велат дека една од најважните карактеристики за добар психофизички развој на детето е самото чувство на припадност, затоа што во текот на растењето детето е подложно на повеќе „одделувања“ од мајката и воопшто семејството, кои кај него можат да предизвикаат чувство дека не е сакано. Поради истата причина, како и поради самото оформување на некои здрави навики, психолозите препорачуваат дека секое семејство треба да си има свои рутински работи кои ќе ги прави заеднички, но притоа препорачуваат, да се внимава и истите да не станат здодевни или пак напорни за детето.
*Koга е потребно воведување на нови дневни рутини:
1. Во моментот кога ќе забележите дека како семејство поминувате многу малку време заедно, можете да воведете семејни денови во кои ќе се дружите, ќе воведете заедничко играње на игри навечер или пак заедничко вежбање во текот на денот;
2. Доколку во моментот вашето време е премногу ограничено, тогаш направете да биде рутина самото спремање на вечера за сите;
3. Исто така, доколку некоја ваша рутина станува премногу здодевна и причина за конфликт, тогаш обидете се да ја смените, како што е примерот со карањето на децата кој да ја земе обврската да го храни домашното милениче итн.;
4. Доколку постојано барате од другите луѓе да ги прават работите наместо вас, тоа е уште еден знак дека вие сте потонале во монотонијата на обврските и дека треба да направите некој нов распоред, а не со тоа да влијаете негативноо на целосото семејство;
5. И не заборавајте, откако вашите деца ќе почнат да растат морате и вие со нив, па мора и да ги промените рутинските „правила“, односно за промена во текот на денот или неделата можете заедно да одите да вежбате клавир, да пешачите, да сликате или пак да имате една семејна сеанса во која ќе разговарате за изминатите денови.
*Што треба да знаете пред да започнете со воведеување на семејната рутина:
1. Мора да разговарате со вашиот партнер за да знаете што тој мисли за истото и да се договорите заеднички дали и на кој начин ќе се воведат рутинските „правила“;
2. Поставете си семејна цел, која ќе биде малку подолгорочна и ќе ја оддржува блискоста и довербата помеѓу семејството на подолго време. За тоа добар пример се неделните сеанси во кои сите ќе добијат можност да се искажат и да се погледне на работите од сечија перспектива, на некој начин да се понуди заедничко решение, за децата да не се почувствуваат неприфатени и осудувани од страна на нивните родители;
3. Пред да ги воведете рутинските работи внимавајте доколку сте семејство кое има повеќе деца, затоа што тие можат да имаат многу поразлични интересирања;
4. Во сите овие рутини обидете се да внесете и хумориатични моменти, затоа што никое дете нема да сака постојано да биде сериозно или пак да се соочува со прекорувачки полед дека прави нешто кое не е според правилата.
Секако дека рутините се воведуваат како некој вид на „правила“, но во суштина тие не треба да бидат правила во кои нема да има отстапување и ќе мора ригорозно да се почитуваат, туку треба да бидат рутини кои ќе градатт здрава заедница која заеднички ќе расте и зависно од нивното растење не е воопшто погрешно доколку некоја рутина го смени својот начин на изведување или целосно исчезне.