Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српскиот пејач Душан Свилар е ѕвезда на на 13-Меѓународниот тамбурашки фестивал што викендов ќе се одржи во комплексот Касапски круг во Куманово.
Свилар ќе настапи првата вечер заедно со тамбурашкиот оркестар „Д7“ од Нови Сад Војводина, со концерт од 1,5 час.
„По 13. пат, но на нова локација во Касапски круг. Сметам дека ова е вистинската локација за тамбурашката музика. Ќе има простор за седење околу 200 места уште толку во ресторанскиот дел. Фестивалот ќе се одржи две фестивалски вечери, петок и сабота со почеток во 20.30 часот, - изјави уметничкиот директор Нино Величковски.
Покрај Душан Свилар, првата вечер ќе настапат и “Наши тамбураши“ и солистите Сандра Милковска и Нино Величковски и тамбурашкиот оркестар „Тамбураториум“ од Панчево.
Втората вечер ќе ја отворат „Кратовски тамбураши“, тамбурашките оркестри „Дунавкиње“ од Мохач, Унгарија, „Беќаруше“ од Пожега, Хрватска и „Пљевља“ од Црна Гора со пејачите Нина Стругар и Мугдин Нухатовиќ.
Фестивалот е во организација на Фондацијата за спорт и култура, подржан од Советот на општината и градоначалникот.
Ќе чини околу 600.000 денари, од кој 200.000 обезбеди Министерството за култура.