×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Џамбазов главна ѕвезда на првиот „Рок пикник фестивал„

    18.06.2012 05:15 | KumanovoNews

     Во комплексот Стара Бања во селото Проевце, завчера се одржа првиот „Рок пикник фестивал„.На него настапија групите „Памперс„, „Д.Н.О.„, „Хај контрол„,„Нокаут„, Игор Џамбазов и диџеј Вера Јанковиќ.

    Џамбазов главна ѕвезда на првиот „Рок пикник фестивал„

    Беше замислено фестивалот да трае цел ден, на отворено, но поради големите жештини посетителите се собраа дури по 20 часот. Во публиката имаше најмногу тинејџери и малку постари вистински рокери.

    Очекував дека ќе има многу повеќе публика. Грешка беше што почнавме околу 16 часот, бидејќи беше многу жешко, не се седеше, а камоли некој да свири, а другите да слушаат. Но штом се спушти мрак, накај 19 часот, тогаш и почна да доаѓа народот. Сега е така како што требаше да биде цел ден. Тоа за наредната година ќе го исправиме, ќе се учиме на грешките, ова е првпат. Мислам дека вечерва е утната целната група. Има премногу тинејџери-изјави Игор Џамбазов.

    Вистинската журка започна кога на сцена излегоа членовите на групата Нокаут. Тие беа погодок за младите, кои ги знаеа сите нивни песни и ги пееа во хор. Ѕвезда на вечерта, сепак, беше Игор Џамбазов. Вистинска еуфорија настана во публиката кога започна со „Каква е оваа ситуација„, а заврши со „Диши длабоко„.

    Забележителен настап имаше и тетовската група Хај Контрол, која не беше многу позната на публиката но ги освои нивните симпатии.

    Посетителите на „Стара бања пикник рок фест“ покрај добра музика имаа и добра храна,пиење, моторџии...

    Покровител на фестивалот беше Општината Куманово, па градоначалникот Зоран Дамјановски ги поздрави присутните и вети дека од наредната година овој фестивал ќе стане македонски „Егзит„ со меѓународен карактер.

    Општа оценка на посетителите беше дека е одлична идејата за организирање на ваков фестивал во преубавиот и неискористен комплекс Стара бања. Сите кои вечерта дојдоа не зажалија, туку коментираа дека одлично се забавувале и со нетрпение го очекуваат новото издание.

    Доста ни е од турбо ѕвезди  по нашите дискотеки и на градските концерти, ред беше да се направи нешто урбано. Последен пат на овој простор во 2001 година се организираше Кумановскиот летен џез фестивал. Кумановската публика го заслужува тоа и треба да и се пружи нешто оргинално -вели еден стар рокер.

     Пропуст што оваа година го направи организаторот е тоа што ја потцени улогата на локалните медиуми, па промоцијата на фестивалот ја направи само на национално ниво, поради тоа добар дел од граѓаните и не знаеа дека се организира.