Мени

Џамбазов одржа неверојатен концерт во Скопје

03.11.2013 06:50 | KumanovoNews

По повод 50 години живот, 40 години од првата улога, 3о години од првата професионална претстава и 20 години од издавањето на неговиот прв албум, Игор Џамбазов во Скопје одржа спектакуларен концерт кој го посетија повеќе од 10.000 луѓе.

Џамбазов одржа неверојатен концерт во Скопје

Заедно со неговите драги пријатели, кои беа гости на неговиот концерт Елена Ристевска, Влатко Илиевски, Тамара, Нокаут, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Коки придружувани од бендот Гуру Харе со музичарите на Тоше Проески на публиката и приредија незаборавна вечер и незаборавно искуство во арената Борис Трајковски во Скопје.