Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тинејџерската музичка ѕвезда Џастин Бибер планира да се ожени со неговата девојка, актерката и пејачка Селена Гомез, тврди лајфстајл магазинот ОМГ.
Весникот наведува дека при неодамнешната посета на Њујорк, на Џастин Бибер му пристапил еден негов обожавател и го прашал дали наскоро ќе се ожени со Селена, на што поп ѕведата одговорил: „Ќе видиме“.
Според ОНГ, ваквиот одговор иако не претставува цврсто „да“, сепак не значи и децидно „не“, што наведува на заклучокот дека 18-годишниот Бибер размислува за женење со 19-годижната Селена.
Бибер и Гомез важат за една од највљубените двојки во џет-сетот, кои се појавуваат заедно на речиси сите важни случување, еден на друг си посветуваат песни, а неодмна заеднички купија и куче.