Џастин Тимберлејк објави нова песна
12.02.2013 10:19
| KumanovoNews
Откако долго време го немаше на музичката сцена, Џастин Тимберлејк станува повторно актуелен.

По неодамнешното објавување на „Suit & Tie“, првата песна од неговиот трет албум, Џастин ја објави неговата најнова песна наречена „Mirrors“.
На Греми наградите Џастин Тимберлејк ја претстави новата песна „Mirrors“ што ќе биде дел од албумот „The 20/20 Project“ чие објавување се очекува на 19 март, пренесува Huffington Post.
Тимберлејк откри уште две песни што ги изведе на доделувањето на Греми наградите, односно на Супер Бол. Станува збор за песните „Pusher Lover Girl“ и „That Girl“.
Слушнете ја песната „Mirrors“: