Џастин Тимберлејк со најдобро продадени албуми
Изненадниот камбек на Џастин Тимберлејк во 2013-тата година се покажа како вистински погодок. Речиси милион примероци, или поточно 980,622 копии од новиот албум The 20/20 Experience продаде популарниот пејач во првата недела по лансирањето.

Хитовите Suit & Tie и Mirrors помогнаа во бомбастичната продажба на албумот во првата недела, при што продажбата ја надмина и онаа на неговите претходни албуми Justified (439,000 копии во првата недела) и FutureSex/LoveSounds (684,000 копии во првата недела).
The 20/20 Experience продаде исто така голем број копии и во Велика Британија (106.000), каде што се пласираше на првото место на Британската Топ листа.