Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
После подолга пауза, Џастин Тимберлејк повторно ќе биде актуелен на музичката сцена со новиот “Костум и вратоврска”. Наводниците се затоа што тоа е насловот на неговиот нов сингл, во кој има една строфа и од Џеј Зи.
Подгответе се да ја слушате оваа песна насекаде околу вас, затоа што барем до сега, секоја песна на Џастин била и останала голем хит.
Тој формално ја објави “Suit & Tie” на неговата официјална веб страна, заедно со отворено писмо до неговите фанови. Во писмото раскажува дека во јуни минатата година, без никаква посебна идеја и план, седнал во студиото и започнал да прави песни. Бил доста возбуден и уживал во тој слободен начин на работа без никакви притисоци. Целиот албум го нарекол “The 20/20 Experience”, а истиот треба да биде промовиран оваа година. На крај од писмото објаснува како се надева дека неговите обожаватели ќе уживаат во неговите песни, толку колку што тој уживал правејќи ги.
Слушнете како звучи тоа што на Џастин многу му се допаѓа.