Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Латино ѕвездата Џенифер Лопез е луда по Каспер Смарт, а уште еден доказ за тоа е фактот што полека, но сигурно ги откачува довчерашните пријатели. Врската која трае само 6 месеци направи целосен пресврт во живот на Лопез која во периодот поминува низ бракоразводната постапка со Марк Ентони.
Џенифер се посветува 110 проценти кога е така заљубена. Му дозволува на Каспер да ги донесува сите одлуки и тоа започнува да ги иритира нејзините пријатели, открива близок извор до пејачката.
Лопез е толку заљубена во Каспер што му дозволила да ја подготвува кореографијата за нејзината нова турнеја, откачувајќи го долгогодишниот пријател и соработник Фабиан Херера.
Нема шанси Фабиан да прима наредби од дете. Тој мисли дека ова е лош потег од страна на Џеј Ло и не сака да биде инволвиран. Каспер инсистираше персоналот на Џенифер да го вика господин Смарт и нареди нејзината асистентка Џили да му носи пијалаци, додава истиот извор.
И додека Каспер го искористува целиот сјај на моментот, Џенифер е убедена дека го пронашла вистинскиот маж.