Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Понесен од татковското чувство, Џеј Зи не почека неговата ќерка да направи ни една недела, туку веднаш се „фрли“ на правење песна посветена на малата Блу Ајви Картер.
Во песната „Glory“, тој открива и неколку интересни детали околу бременоста на Бијонсе.
Помеѓу славењето на татковството, правењето мекици и радувањето за ќерката, навистина не знаеме како раперот најде време да ја напише, сними и испродуцира новата песна. А, уште поголема мисла ни е како во меѓувреме добил „благослов“ од неговата сопруга, пејачката Бијонсе, за јавно да спомне за нејзиниот претходен спонтан абортус.
Да, во текстот на песната „Glory“, Џеј Зи открива дека пред Ајви, Бијонсе имала спонтан абортус, рапувајќи „минатиот пат спонтаниот абортус беше толку трагичен, се плашевме дека и ти ќе исчезнеш“.
Гордиот татко на Блу Ајви Картер која се роди во саботата навечер со царски рез открива дека девојчето било зачнато во Париз. „Ти си дете на судбината, ти си дете на мојата судбина, ти си мое дете со детето од Destiny's Child“, се неколку стихови за кои сè уште не можеме да одлучиме дали е интересна игра на зборови или само недостиг на инспирација, поради краткиот временски период.
Бијонсе и Џеј Зи заедно се долго време, а својата врска ја крунисаа со брак во 2008-та година. Ова е прво дете за 42-годишниот рапер и 30-годишната пејачка.