Џенет Џексон подготвува венчавка од 19 милиони долари
29.09.2012 11:43
| KumanovoNews
Пејачката и сестра на починатиот крал на поп музиката, Џенет Џексон (46) и нејзиниот богат вереник Висам ал Мана наводно планираат да организираат голема венчавка во Доха (Катар) во 2013 година, која ќе ги чини преку 19 милиони долари.

Свадбената церемонија ќе биде екстравагантна.
Речиси три милиони долари ќе потрошат за да го платат патот за 500 гости кои на венчавката треба да пристигнат од различни делови на светот.
Ал Мана сака на секој гостин на венчавката да му подари Ролекс часовник вреден преку 9.000 долари, пренесуваат американските таблоиди.
Младоженецот е 10 години помлад од Џенет, а во врска се веќе две години.