Џенифер Анистон ќе се мажи
28.06.2012 08:11
| KumanovoNews
Џенифер Анистон не може да побегне од гласините дека се верила.

Актерката со својот дечко Џастин Терокс се вратиле од Париз во понеделникот, а на аеродром папараците ја фотографирале со дијамантски прстен на раката.
Приказната за веридбата се подгрева и со гласините дека двојката била во Париз за да најде соодветна локација за венчавката.
Сепак, на крај тие ги демантираат овие шпекулации. Останува да видиме дали наскоро Анистон ќе рипне во тавче.