Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Конечно може да стивнат приказните дека ѝ завидува на Анџелина Џоли, бидејќи Џенифер Анистон навистина продолжи понатаму и се вери за Џастин Теру, подарувајќи му го за роденден најубавиот подарок: својата рака.
Славната актерка и нејзиниот дечко, актер и режисер, се вериле во петокот, откако 41-годишниот Џастин ја запросил Џенифер на својата роденденска прослава, пишува „Дејли мејл“.
Џастин Теру имаше неверојатен ден во петокот и доби исклучителен подарок кога неговата девојка Џенифер Анистон ја прифати неговата понуда за брак - изјавил портпаролот на Теру, а потврда за убавата вест стигнала и од портпаролот на актерката, но парот сè уште не го одредил датумот на венчавка.
Веридбата падна истиот викенд кога почнаа жестоки шпекулации дека бившиот сопруг на Џенифер, Бред Пит ќе се венча со Анџелина Џоли на нивниот раскошен француски имот. Врската на Бред и Анџелина почна во 2004 година на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, во време кога актерот уште беше во брак со Џенифер.
Но, бидејќи веста за венчавката на Џоли и Пит сè уште не е потврдена, а упатени тврдат дека следниот викенд е поверојатниот датум, Џенифер и Џастин со својата вест го презедоа медиумиското внимание.
Џенифер и Џастин, со кого е во врска повеќе од една година, прв пат беа видени заедно во мај 2011 година. Само два месеци подоцна Џен ја продаде својата вила на Беверли Хилс и го купи дворецот на Бел Ер во кој живее со Џастин.
Веста за веридбата сигурно ги израдува обожавателите на Џенифер бидејќи се верува дека актерката нема среќа во љубовта. После четири и пол години брак со Пит имаше низа промашувања и лоши избори на мажи. Одеше со актерот Винс Вон набрзо после разводот, потоа беше неколку месеци во врска со британскиот модел Пол Скалфор во 2007 година, а подоцна со пејачот Џон Мајер.