Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Џенифер Анистон изгледа прекрасно на насловната страница на списанието „Glamour“.
44-годишната актерка блеска во црн фустан на Нарциско Родригез.
За септемвриското издание на списанието, Анистон позираше и во креации на Валентино и Сен Лоран.
Во интервјуто холивудската актерка зборувала за потрагата по среќата. „Ако не си среќен, можеш да станеш среќен. Среќата е избор“ – рекла таа.
Во разговорот неизбежно бил споменат и нејзиниот свршеник. „Знам дека Џастин на пример има неверојатни родителски инстинкти. Затоа што (додека растеше) на некој начин мораше да стане родител. Сметам дека кога мораш да станеш родител на млади години, ги учиш тие инстинкти“ – изјавила таа.
Неодамна Анистон откри дека со Џастин сè уште немаат одредено дата за венчавка и дека не сакаат да брзаат кон олтарот.