Мени

Џенифер денес слави роденден

24.07.2012 08:40 | KumanovoNews

Џенифер Лопез, верувале или не, денес го слави својот 43- роденден. Со својот прекрасен изглед Џенифер остава без здив и денес исто така како и на почетокот на нејзината кариера.

Џенифер денес слави роденден

Преубавата латино пејачка отсекогаш го привлекувала вниманието со својот изглед, а особено со задникот на кој неможат да му одолеат најпознатите мажи на светот.

Своите почетоци ги имаше како танчерка во емисии, а оствари и бројни впечатливи глумечки улоги во многу филмови.

Сепак својот вистински повик за успех го пронајде во музиката. Зад себе има бројни албуми, како и голем број престижни награди.