Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Џенифер Лопез е прогласена за најмоќна позната личност на светот на годишната листа на „Форбс“ „Селебрити паур 100 (Celebrity Power 100)“.
Таа ја замени на првата позиција контроверзната поп дива Лејди Гага, а зад себе ја остави долгогодишната најмоќна позната личност, американската водителка Опра Винфри.
Четириесет и две годишната пејачка и актерка, која успеа од скромна њујоршка средина се искачи на самиот врв на шоубизнисот, лани беше на 51. место на листата, која „Форбс“ ја составува врз основа на неколку фактори, како што се личното богатство, влијанието во медиумите, особено на социјалните мрежи и договорите со спонзорите.
Во соопштението на списанието „Форбс“ се нагласува дека Лопез минатата година заработила 52 милиони долари, благодарение на улогата на судија во популарната емисија „Американски идол“, нејзината модна линија и најавената светска турнеја.
Опра Винфри, која се бори да ја одржи својата ТВ мрежа ОВН, што ја основаше по завршувањето на своето познато „Опра Винфри шоу“, ја задржа својата минатогодишна позиција на листата, со заработка од 165 милиони долари.
Како и минатата година на трето место е 18-годишниот канадски пејач Џастин Бибер, со заработка од 55 милиони долари. „Форбс“ наведува дека младиот пејач во меѓувреме стабал сериозен инвеститор, кои поседува значителен имот.
Поп ѕвездата Ријана го забележува своето прво појавување на листата на „Форбс“ со заработувачка од 53 милиони долари, која пред се им ја должи на хитовите „We Found Love“ и „Talk That Talk“, но и на договорите со познатите брендови како што е Нивеа.
Минатогодишната најмоќна селебрити Лејди Гага падна за четири места, додека Бритни Спирс по едногодишната пауза се врати на листата, заземајќи го шестото место.
На седмото место е Ким Кардашијан со заработувачка од 18 милиони долари, што е најнизок износ во топ 10, но високата позиција на „риалити кралицата“ се образложува со големото внимание на медиумите, кое го привлече со раскошното венчавање и брзиот развод.
Меѓу првите десет е и пејачката Кети Пери, која е на осмото место. Том Круз е на деветтото место и режисерот Стивен Спилберг е на десеттото место, а меѓу тие кои се прв пат на листата на „Форбс“ е Ештон Качер, кој дебитираше на 51. позиција.