Џенифер Лопез повторно во секси издание
14.02.2014 08:17
| KumanovoNews
Популарната пејачка Џенифер Лопез деновиве во Мајами сними официјална песна за Светското првенство во Бразил.

Плажите на Флорида послужија како уверлива сценографија за снимање на химната на Мундијалот 2014 "We are one", што со своето вокално и танцувачко умеење ја оживеа триото Џенифер Лопез, Питбул и Калудија Леита.
Плажата беше исполнета со бразилски танцувачки пред паното со вкупно 32 знамиња на земјите учеснички.
Џенифер Лопез, 44-годишната мајка на две деца, пејачка и актерка, се уште изгледа беспрекорно и им пркоси на годините.
Дел од декорацијата на спотот беа млади згодни момци кои буквално ја опколија Лопез.