Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пејачката Џенифер Лопез жестоко се скарала со својот дечко, танчерот Каспер Смарт, на улица во Лос Анџелес.
Дечкото на Џенифер ја возел на снимање на телевизиското шоу „Американски Идол“ во кој е член на жирито. На една од раскрсниците во Лос Анџелес двојката која е во врска шест месеци жестоко се скарале пред минувачите. Како пренесуваат американските медии, Џенифер се муртела и мавтала со раката на Каспер, а тој цело време ја игнорирал, гледал во под и молчел. Бесната Џенифер без поздрав излегла од автомобилот и отишла во студиото. Само еден час подоцна таа глумела дека е среќна пред камерите и стално се смеела.
Пријателите на славната пеачка велат дека нејзините расправии со Каспер се се почести и дека Џенифер се повеќе размислува за брак и деца, додека на познатиот танчер најбитна му е кариерата.