Мени

Џибони ќе оддржи концерт во Скопје

17.09.2013 14:27 | KumanovoNews

 Хрватската ѕвезда Џибони на 16 ноември ќе оддржи концерт во Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје.

Џибони ќе оддржи концерт во Скопје

Концертот е дел од промотивната европска турнеја на неговиот албум „20th Century Man“. Во рамки на турнејата закажани се повеќе од петнаесет настапи. Џибони ќе пее и во Берлин, Прага и Виена.

Ова е неговиот прв албум снимен на англиски јазик и поради тоа е атрактивен на европскиот пазар.

На новиот албум има осум песни и тие се снимени во Лондон.