×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Џобс доби восочна фигура

    21.09.2012 07:41 | KumanovoNews

    Музејот со восочни фигури Мадам Тисо, ги претстави првите фотографии на восочната фигура на Стив Џобс, која ќе биде поставена во Хонг Конг подоцна овој месец, за да се одбележи првата годишнина од неговата смрт.

    Џобс доби восочна фигура

    По Хонг Конг, фигурата ќе ги обиколи и Шангај и Бангкок.

    Восочната фигура го прикажува поранешниот извршен директор на компанијата "Apple" во својата препознатлива облека - сини фармерки и црна маица.

    Неговата поза е базирана на фотографијата снимена за насловната страна на магазинот "Forbes" од 2006-та година, пренесува "Mashable".

    Според изјавите на вработените во музејот за восочни фигури, цената за изработка на фигурата на Стив Џобс изнесува 193,486 долари.