Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Џоди Фостер е добитничка на Златен глобус за животно дело. Во својата богата колекција награди го додаде и ова признание.
Здружението на странски новинари во Холивуд на 70-тото доделување на наградата Златен глобус ќе и ја доделат наградата за животно дело. Церемонијата ќе се одржи на 13 јануари во Лос Анџелес.
Џоди Фостер двапати има освоено Златен глобус, а во 1998 година и Оскар за улогата во "Обвинета". Во овој филм таа глумеше жртва на силување. Во 1991 година освои уште еден оскар за улогата во легендарниот филм "Кога јагнињата ќе стивнат".
Досега наградата за животно дело им припадна на Морган Фримен, Роберт де Ниро, Стивен Спилберг, Барбара Стрејсенд.