Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Анџелина Џоли се враќа на филмот. Новиот филм ќе ја глуми својата мајка и така ќе и оддаде чест.
37-годишната Анџелина Џоли е жена за која најмногу се зборуваше минатата недела. Нејзината одлука за двојната мастектомија, го шокираше целиот светот. Бидејќи нејзината мајка почина многу млада на 56 години од рак, со оваа постапка таа сакала да го намали ризикот од болест, која бил 87%.
Нејзиниот партнер Бред Пит знае колку е тоа важно за Џоли, па така активно се вклучил во продукција на филм во соработка со компанијата План Б. Па така, Анџелина ќе и оддаде чест на својата мајка Марчлин Бертран во биографски филм. Мрчелин била исто како што е Анџелина денес, голема хуманитарка која редовно им помагала на сиромашните бегалци од Авганистан и болните од рак.
Нејзината последна желба било таа да се омажи за Бред и едно од нивните деца да го наречат Пакс. Анџелина посвоила момче шест месеци после нејзината смрт и го нарекла Пакс, а свадбата со Бред наскоро треба да се одржи.