Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Американската глумица Анџелина Џоли е во завршни договори со студиото Универзал за режирање на својот втор по ред филм, воена драма која се заснова на приказната за Луис Зампериниј, олимпиец кој станал воен заробеник.
Целосно ме трогна приказната за Зампериниј и одма ми дојде на ум да режирам филм, изјави Џоли.
Денес овој херој има 95 години. Сето ова му се случувало за време на Втората светска војна. Неговата приказна веќе иснпирира и книга која ја напиша Лаура Хиленбранд под насловот "Unbroken: A World War II Story of Survival, Resilience and Redemption".
Филмот би требало да се вика “Unbroken”. Тој ќе биде вториот филм во режија на Анџелина Џоли по првиот Во земјата на крвта и медот” во кој глумеше и нашата актерка Јелена Јованова.